Во петтиот настап на Светското првенство во Египет, Македонија го доживеа четвртиот пораз. И тој како и претходните беше со двоцифрена разлика. Натпреварот беше решен уште во воведните минути.
Русија моќно го почна мечот, а ние имавме очајна реализација на почетокот, противникот имаше 7-1 на стартот и јасно беше дека ќе доживиееме нов дебакл. Првото полувреме го завршивме со негатива од десет разлика 9-19.
Во второто полувреме Русија ја пушти втората постава, ние тоа го направивме и претходно, па во еден таков однос на силите бевме рамноправни. Почнавме со 3-0, но Русите не дозволија уште да намалуваме. Во финишот од мечот тие направија серија од 4-1 и дојдоа до конечните 32-20.
Филип Кузмановски со седум голови беше најдобар во нашата репрезентација, Серафимов постигна четири, Митревски имаше шест одбрани. Во составот на Русија, Сорока даде шест гола.
Последниот натпревар од групата го играме во недела со почеток од 15:30 часот против Белорусија.