Вкупно четворица заразени со коронавирус во битолскиот клуб

Уште двајца ракометари на Еурофарм Пелистер 2 се позитивни на ковид-19

Битолскиот тим соопшти дека двајца нови играчи се тестирани позитивно на коронавирус, со нив вкупно четири ракометари во овој клуб имаат ковид-19. 

Откако се појавија двајца позитивни на ковид-19, тест направија и сите останати во Еурофарм Пелситер 2, резултатите покажаа позитивен тест на уште двајца играчи.
 
„Откако пред два дена беа констатирани симптоми кај двајца ракометари, РК Еурофарм Пелистер 2 ги тестираше сите членови на клубот на ПСР тест на ковид-19. По дополнителните тестирања позитивни тестови има кај уште двајца ракометари. Во овој момент четворица ракометари на Еурофарм Пелистер 2 се позитивни на коронавирус, немаат симптоми и добро се чувствуваат.
 
По наредното тестирање на останатите членови на екипата, стручниот, медицинскиот и административниот тим, ако сите тестови се негативни, тимот ќе се врати во тренажен процес“, стои во соопштението на клубот.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе