УО на РФМ ги одреди патниците за Европа

УО на РФМ одлучи, Вардар сигурно ќе игра во ЛШ, Еурофарм Пелистер можеби

Вардар е македонскиот тим кој сигурно ќе игра во ракометната Лига на шампиони следната сезона, ќе се аплицира и за вајлд-карта за Еурофарм Пелистер, доколку не добијат ќе играат во Лига Европа. 

Поради начинот на кој заврши сезоната во ракометното првенство, УО на РФМ денеска на онлајн состанок одреди кои екипи ќе ја претставуваат Македонија во Европа следната сезона.
 
Одлуката е очекувана, Вардар ќе игра во Лигата на шампионите, актуелниот европски шампион има загарантиран настап во најелитното ракометно натпреварување.
 
А поради големите амбиции кои ги има, Еурофарм Пелистер ќе побара вајлд карта. Но од следната сезона се менува системот на натпреварување во Лигата на шампионите, ќе има само 12 учесници а со тоа се намалуваат шансите Македонија да продолжи да има два преставника.
 
Доколку не добие вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите, Еурофам Пелистер ќе има место во групната фаза од Лига Европа.
 
За директно место во фазата по групи во Лига Европа ќе аплицира и Металург, ако не го добие ќе треба да одигра едно квалификациско коло. Во квалификациите на ова натпреварување ќе игра и Бутел.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе