ЕХФ шампионат до 18 години

Убедлива победа на Македонија за пласман во финалето на ЕХФ шампионатот

Македонските ракометари до 18 години со убедливи 32-22 го победи Луксембург и се пласираа во финалето од ЕХФ шампионатот кој се одржува во Летонија. 

Македонија фуриозно го отвори мечот, поведовме со 6-1 и брзо стана јасно кој е кој на овој дуел. На одморот се замина со водство од 15-9 за нашата репрезентација. 
 
Во второто полувреме младите македонски ракометари ја одржуваа предноста и на крајот дојдоа до рутинска победа од 32-22.
 
Шулевски беше најдобар со десет голови, Александар Петковски постигна седум. Во финалето Македонија ќе игра со победникот од дуелот меѓу Швајцарија и Летонија утре од 16 ччасот.
 
Победата е важна, затоа што првото место на овој турнир носи виза за СП 2023 и за ЕП 2024, за истава генерација.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе