ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Турингер е последниот противник на Вардар во групната фаза од ЛШ

Вардарки го добија и последниот противник во групната фаза од Лигата на шампионите, а тоа е добро познатиот Турингер.

Турингер ја оправда улогата на фаворит и буквално се прошета на квалификацискиот турнир остварувајќи две убедливи победи.
 
Во финалето го победи Хорс со 33-24, а претходно беше подобар од Атлетико Гуардес со 31:21.
 
Туригнер е добро познат противник за Вардар, ова ќе биде четврта сезона како меѓусебно ќе се соочат
 
Во сезоната 2016/2017 Вардар победи два пати, во Скопје со 36:26, a во Германија славеше со 31:29.
 
Првите меѓусебни пресметки ги имаа во сезоната 2013/14 кога Вардар на гости одигра нерешено 24:24, а дома победи 31:25. Следната сезона Турингер победи во Германија со 21:20, Вардар во Скопје со 26:21. 

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе