ДЕНЕСКА ЖДРЕПКА ВО ЕХФ

Три сценарија за Вардар: Митјиланд, Савехоф и Тирингер – најдобра опција за црвено-црните

Македонскиот женски ракометен првак Вардар денеска во Виена (12 часот) ќе ги дознае противниците за групите од главната фаза во Лигата на шампионите.

Според правилата на ЕХФ, се формираат две групи од по четири екипи, со тоа што Вардар ќе добие еден противник што бил прв во својата група и два второпласирани тима од претходната рунда. Бидејќи не може да биде во иста група со Ларвик, за избраничките на Индира Кастратовиќ постојат три сценарија:

- Ѓер, Будуќност, Савехов
- Крим, Тирингер, Будуќност
- Митјиланд, Савехоф и Тирингер

Првата опција секако би била најтешка за нашите ракометарки, зашто таму се Ѓер и Будуќност, додека најприфатлива група за црвено-црните би била последната со Митјиланд, Савехоф и Тирингер.

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе