СП 2021

Трет двоцифрен пораз на Македонија на СП, овој пат Словенија беше пресилна за нас

Трет убедлив пораз на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство, имавме и добри периоди, но на крајот Словенија победи со двоцифрена разлика 31:21. 

Македонија доживеа нов голем пораз, но нашите ракометари одиграа подобро отколку на дуелите со Шведска и Египет. Овој пат беше видлива борбеноста и желбата за надигрување и покрај големата негатива. 
 
Откако стана јасно дека Словенија ќе го добие овој меч, Брестовац шанса им даде на младите ракометари, кои се покажаа во солидно издание.
 
Македонија одлично го почна мечот, неколкупати имавме и два гола разлика. Но од 9-9 Словенија направи серија од 4-0 до крајот на полувремето, кое го доби со 13-9.
 
Во вториот дел Словенците ја зголемија серијата за уште два гола, во тој период Македонија врза речиси 12 минути без да постигне гол.
 
Откако Словенија поведе со 21-12, Брестовац ги повлече Лазаров и Стоилов, шанса им даде на помладите кои веднаш направија серија од 3-0. Дојдовме до негатива од шест разлика но на крајот Словенците си ја вратија големата предност и го добија мечот со 31-21.
 
Кире Лазаров беше најефикасен со пет гола, Кузмановски постигна четири, Талески три. Митревски имаше осум одбрани, Томовски четири. Кај Словенија, Гајиќ имаше седум интервенции.
 
Следниот натпревар на Македонија е в петок, против селекцијата на Русија, со почеток од 15:30 часот.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе