СП 2021

Томовски: Направивме многу технички грешки, мора да бидеме подобри во следните натпревари

Трет пораз на Македонија на Светското првенство, и овој беше убедлив со двоцифрена разлика, загубивме од Словенија со 31-21. 

Македонија имаше добри периоди, особено на почетокот од натпреварот, но во голем дел од мечот изгледавме немоќно во однос на Словенците.
 
„Започнавме добро во првиот дел, но во вториот дел направивме многу технички грешки. Словенија ја казни нашата селекција многу лесно и како што кажа селекторот, разликата не е реална. Мора да бидеме подобри во следните натпревари и да одиме на изненадувања против Русија и Белорусија“, рече Томовски на прес-конференцијата.
 
Шансата за подобар меч на Македонија е веќе во петок кога од 15:30 часот играме против Русија.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе