ЕП 2022

Томовски: Да ги поправиме грешките и да ја победиме Црна Гора

Мартин Томовски имаше одличен настап против Словенија, но тоа не беше доволно за да направиме изненадување и да го совладаме првиот противник на Европското првенство. 

Тој вели дека и одбраната му помогнала за добрата партија, но и анализата пред натпреварот.
 
„Изгубивме од Словенија, но во нашата игра имаше многу позитивни работи. Одбраната ни беше на повисоко ниво, но мало невнимание скапо нѐ чинеше. За добриот настап ми помогнаа многу соиграчите, но и добрата анализа пред натпреварот“, вели Томовски.
 
Денеска е ден за подготовка пред дуелот со Црна Гора кој го играме утре со почеток од 18 часот.
 
„Денеска е нов ден и ќе се погрижиме да ги поправиме нашите грешки и недостатоци. И ќе дадеме сè од себе за да се радуваме на позитивен резултат против Црна Гора“.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе