СП 2021

Тежок пораз на стартот на СП, и без најдобриот состав Шведска е пресилна за Македонија

Македонската ракометна репрезентација со дебакл го почна настапот на Светското првенство во Египет, загубивме од Шведска со 32:20.  

Македонија одигра лош меч на стартот на Светското првенство, Шведска ни одржа ракометна лекција иако на Мундијалот дојде десеткувана поради позитивни случаи на ковид-19. Избраниците на Брестовац не одиграа речиси ништо иако почетокот на мечот ветуваше, но бевме рамноправни само во првите 15 минути.
 
Одбраната не функционираше, нападот исто така беше на ниско ниво, бевме безидејни, правевме многу грешки кои Швеѓаните ги казнуваа со контра напади.
 
Беше 4-4, кога Шведска направи серија од 3-0 и се одлепи на 7-4, од оваа прва поголема негатива успеавме да се вратиме, направивме и ние серија и израмнивме на 8-8. Но потоа следуваше 5-0 за Швеѓаните, по кои до крајот на мечот не успеавме да им се приближиме. На полувремето се замина со водство за противникот од 16-11.
 
Во второто полувреме Шведска брзо дојде и до двоцифрена разлика. Откако Брестовац виде дека не можеме да се вратиме, шанса им даде на сите ракометари. Дадовме само девет гола во вториот дел, конечниот резултат гласеше 32-20.
 
Најефикасен во нашиот состав беше Кире Лазаров со пет голови, Стоилов, Поповски, Пешевски, Танкоски и Костески постигнаа по два. Томовски одбрани шест пати, Митревски пет. Кај Шведска незапирлив беше Ване кој постигна 11 голови.
 
Следниот натпревар на Македонија е против Египет во сабота со почеток од 18 часот.
 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе