СП Скопје 2019 У19

Тежок пораз на Македонија, Јапонија со ракометна лекција за кадетите

Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години забележа тежок пораз во последното коло од групната фаза, Јапонија ни одржа лекција и забележа убедлив триумф од 22-31.

Избраниците на Данило Брестовац катастрофално го отворија мечот, противникот имаше серија од 6-0 на стартот, па Македонија постојано ја бркаше предноста на Јапонија.

На полувреме се замина со резултат 11-15, но „самураите“ не само што не дозволија да се вратиме во игра во продолженито од мечот, туку и дополнително ја зголемуваа позитивата.

Во финишот од мечот во два наврати дури стигнаа и до двоцифрена предност, за конечниот резултат на семафорт да гласи 22-31.

Ненад Костески со осум погодока беше прв играч во редовите на Македонија, а Мартин Серафимов мечот го заврши со четири погодока.

Со поразот од Јапонија, Македонија заврши како четвртопласирана во својата група и во осминафиналето ќе вкрсти со Португалија, лидерот во Групата Д. Натпреварот се игра на 14. август.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе