Лига на шампиони

Тежок пораз на Еурофарм Работник во Лисабон, Спортинг победи со десет голови разлика

Ракометарите на Еурофарм Работник го доживеаа шестиот пораз во дебитантската сезона од Лигата на шампионите откако вечерва загубија од Спортинг Лисабон со 36:26. 

За разлика од претходните порази на Еурофарм Работник кои беа многу тесни, овој пат битолскиот клуб загуби убедливо со дури десет голови разлика.
 
Натпреварот почна израмнето, беше 6-6 кога Спортинг почна да се одлепува, со серија од 12- 2, домаќините дојдоа до предност од осум голови разлика, 16-8, на полувремето португалскиот тим водеше со 17:11.
 
Во вториот дел иста слика на теренот, Спортинг Лисабон доминираше, имаше контрола врз резултатот и на крајот сосема заслужено победи со највисоки десет голови разлика 36:26.
 
Најефикасни во составот на Еурофарм Работник беа Остроушко и Јотиќ со по осум голови. 
 
Во следното коло Еурофарм Работник го пречекува Савехоф.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе