РК Металург

Тарабокија е нов среден бек на Металург

Металург постигна договор за ангажман на босанскиот репрезентативец Марко Тарабокија и ја заврши потрагата по нов среден бек. 

31-годишниот ракометар ќе биде сериозно засилување за Металург. Тој зад себе има искуство и во Лигата на шампионите кога го носеше дресот на Висла Плоцк.
 
„Металург денеска се засили на позиција на среден бек – наш нов ракометар е босанскиот репрезентативец Марко Тарабокија (31 г., 193 см, 92 кг), кој со нашиот клуб потпиша едногодишен договор“, стои во соопштението на Металург.
 
Тарабокија е роден во Загреб, но настапува за Босна и Херцеговина. Неговиот последен клуб е Чурго од Унгарија.
 
На Металург му беше потребен ракометар на оваа позиција по откажувањето на Тешеира кој се предомисли и реши да не го испочитува вербалниот договор со македонскиот тим.
 
Тарабокија е петтиот ракометар со кој се засили Металург за претстојната сезона, по Златко Хорват, Бранко Канкараш, Момир Рниќ и Никола Потиќ.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе