Лига на шампиони

Талески: Веспрем ни е познат противник, ако одиграме добра одбрана може да ги изненадиме

Утре (четврток) со почеток од 18:45 часот Вардар во „Јане Сандански“ ја почнува осминафиналната пресметка со Веспрем во Лигата на шампионите. 

Поради промените кои се случија во Вардар, унгарскиот тим е голем фаворит во овој двобој. Покажаа моќ на почетокот од сезоната, во септември кога победија лесно во финалето од СЕХА лигата. Но Талески верува дека во меѓувреме има сериозен напредок во македонскиот тим и може да се направи изненадување против Веспрем.
 
„Овој осминафинален дуел за нас е многу важен, а екипата на Веспрем ни е многу позната. Игравме со нив на стартот на сезоната на СЕХА-лигата и таму не одигравме сјајно, онака како што знае Вардар да игра. Сепак, тоа беше почеток на сезоната, многу нови играчи имаше во Вардар, нови бекови и мислам дека сега е поинаку. Осум-девет месеци работи заедно оваа екипа и мислам дека треба да му се реваншираме на Веспрем. Сепак, знаеме дека се многу цврсти, играат квалитетна одбрана, многу висока е нивната зона и ќе треба многу фокусирано и бргу да ги решаваме сите ситуации во напад што ќе ни се нудат. Ние треба да одговориме со иста таква одбрана, гранитна и мислам дека ако одиграме маестрална одбрана, како што знаеме, со неколку брзи голови, мислам дека тука треба да сме во мала предност“, вели Талески.
 
„Имавме малку тежок период, но фокусирани сме на тој натпревар, зашто знаеме колку е важен, колку е важно Вардар да го покаже вистинското светло, оваа можност немавме баш можност поради таа криза со корона. Мислам дека на сите ни е јасно што нè очекува со тој дуел“.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе