Не смеат да ни се случуваат падови во играта

Талески: Важна победа но и важна поука

Филип Талески е задоволен што Македонија со триумф го започна Европското првенство но вели дека мора да се извлече поука откако дозволивме противникот да се врати од пет гола негатива.

Македонија ја оствари целта, запиша победа над Украина и со славје го започна Европското првенство. Филип Талески, кој беше прогласен за МВП на натпреварот, е задоволен од триумфот, но вели дека не смеат да се случуваат падови во играта и мора да се извлече поука од денешниот меч.

„Не може да биде поубаво кога ќе тргнеш на ЕП со победа, но овој триумф треба да ни биде поука. Цели 50 минути го држевме резултатот во наша полза, но дојдовме во ситуација да одлучуваме во последната секунда. За среќа најискусниот играч ја понесе одговорноста. Мора да играме 60 минути на ниво и да не дозволиме падови во играта“ - вели Филип Талески.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе