Лига на шампиони

Талант Душебаев: Полесно се игра во Скопје кога нема публика

Тренерот на Кјелце, Талант Душебаев е среќен поради победата над Вардар, но признава дека можеби ќе било поинаку ако не се играше без публика. 

Мечевите меѓу Вардар и Кјелце секогаш се одликуваа со жестока атмосфера на трибините и неизвесност на теренот. Овој пат не беше така, публиката од познати причини ја немаше во салата, а на теренот доминираше полскиот тим во најголемиот дел од натпреварот.
 
„Голема почит за Вардар бидејќи знам дека е многу тешко што одиграа досега само три меча и сега прв натпревар по еден месец. Да, јас победив првпат овде по 5 години но без навивачи, нам ни беше полесно да победиме. Дојде такво време во кое не знаеме што ќе се случува утре, но имаме среќа што победивме. Се надевам дека следниот пат ќе играме пред полна сала. Уште еднаш голем респект за Варда,р знам дека немате натпревари во ЛШ, одложени во СЕХА, секоја чест“, рече тренерот на Кјелце, Талант Душебаев.
 

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе