Во меѓувреме Новак ќе биде во притвор

Судењето на Ѓоковиќ ќе започне во 23:30, за неговата судбина ќе решаваат тројца судии

Судењето на Новак Ѓоковиќ ќе започне вечерва во 23:30 по средноевропско време, така е одлучено на прелиминарното сослушување, усвоена е и желбата на адвокатите на српскиот тенисер за случајот да одлучуваат тројца, а не еден судија. 

Прелиминарното сослушување на кое се појави Ѓоковиќ беше од процедурална природа, се договараа роковите за поднесување на целосната документација, времето и начинот на судење.
 
Одбраната на Ѓоковиќ бараше тричлено судење, додека бранителот на Австралија се противеше на тоа и преферираше судењето да го врши еден судија.
 
Неколку часови по рочиштетот стигна информација дека е прифатено барањето на одбраната на Ѓоковиќ и судскиот процес ќе го водат тројца судии. Во тој случај министерот Алекс Хоук не би можел повторно да се жали на одлуката.
 
Тоа значи дека Ѓоковиќ извојува почетна победа, има подобра позиција, но не може да се претпостави каква ќе биде одлуката на судиите.
 
Стартот на судењето е закажано за 23:30 часот по наше време, одлуката би требало да биде донесена во раните утрински часови.
 
Во меѓувреме Ѓоковиќ повторно е во притвор во имиграцискиот хотел и таму ќе биде се до почетокот на судењето. 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе