СП 2021

Стоилов: Жал ми е што не сме подобро подготвени за ова Светско првенство

Стојанче Стоилов е среќен што го победивме Чиле и ќе играме во втората фаза од Светското првенство, но жали што не сме подобро подготвени за Мундијалот. 

По првите две лоши изданија против Шведска и Египет, Македонија конечно одигра добар меч против Чиле, оствари победа и се пласираше во следната фаза во која ќе играме против Русија, Словенија и Белорусија.
 
„Oдигравме два катастрофални меча. Задоволство ни е што ќе играме во втората рунда, и понатаму ќе бидеме дел од Мундијалот и ќе дадеме се од себе за најдобро да ја претставиме нашата земја. Подготовката за ова СП ни беше посебна, многу поразлична, мислам дека недојдовме подготвени, но како одминува времето мислам дека сме се подобри и подобри. Имаме неколку искусни ракометари во составот, но мислам дека за дури седумина ова е прво големо натпреварување. Настапот на светското првенство е голема работа во Македонија и жалам што не сме подобро подготвени“, вели Стоилов.

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе