Капитенот вели дека е полесно кога ќе се влезе како аутсајдер

Стоилов: Тешка година со среќен крај

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, вели дека е многу полесно да се игра како аутсајдер на фајнл-фор турнирот.

За разлика од минатата година, кога беше фаворит, овој пат Вардар во Келн допатува како аутсајдер и повторно го крена големиот пехар, исто како во 2017, кога никој не очекуваше.
 
„Ова беше тешка година, која заврши со среќен крај. Дојдовме тука како аутсајдери, исто како првата година, мислам дека е многу полесно да играш како аутсајдер на фајнл-фор, има многу притисок ако си фаворит и ете пак успеавме“, вели Стојанче Стоилов.
 
„Мислам дека за ова финале имавме психолошка предност поради таквиот камбек против Барселона. Тие беа свесни што можеме и малку се исплашија од нас. Во второ полувреме се вратија, притискаа, изгледаше исто како мечот во Скопје, јас се исплашив дека може да се случи такво нешто. Веспрем е одличен тим, фер натпревар, малку ми е криво за нив, но среќен сум за нас“.
 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе