РК Вардар

Стоилов: Со помош на навивачите да ја победиме Барселона

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов вели дека сите се подготвени за игра и се надева дека со помош на навивачите Европскиот шампион ќе слави уште една победа над силната Барселона. 

Во сабота со почеток од 17:30 часот, Вардар ја пречекува Барселона во петтото коло од Лигата на шампионите.
 
„Барселона е една од најдобри екипи во светот. Оваа година ни го нанесоа единственот пораз на Супер Глоуб турнирот, па се надевам дека ќе го смениме впечатокот и ќе ги победиме на домашен терен. Немаме повредени играчи, сите се желни и подготвени за победа. Се надевам со помош на навивачите дека ќе ја оствариме посакуваната цел“ - вели капитенот Стојанче Стоилов.
 
„Оваа година немавме проблеми во нападот само против Пик Сегед. Не ги користевме чистите шанси и тоа мораме да го поправиме. Секогаш на нашите натпревари противничкиот голман е најдобриот на терен. Уште минатата година екипите започнаа да не респректираат, а оваа сезона мислам дека добро се носиме со титулата шампиони".

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе