Лига на шампиони

Стоилов: Против Кјелце очекувам многу борба, тензија и на крај Карачиќ да плаче!

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов вели дека тимот се соочува проблеми поради повредени играчи, но се надева дека ќе го победат Кјелце и на крајот Игор Карачиќ ќе биде тој што разочаран ќе си замине од Скопје. 

Во сабота Вардар го пречекува Кјелце во меч од Лигата на шампионите, Игор Карачиќ за прв пат ќе игра против неговиот поранешен клуб.
 
Емоции ќе има сигурно, но Стоилов се надева дека Карачиќ ќе плаче и поради пораз од Вардар.
 
„Не очекува тежок меч против Кјелце, тие ни се голем ривал, секогаш е незгодно со нив, секогаш е интересно. Ситуацијата не е добра за нас, имаме многу повредени играчи, многу кои се враќаат од повреда. Но се надеваме дека ќе победиме“, вели Стоилов. 
 
„И Кјелце имаат проблеми исто како и нас, тие се борбена екипа, слична на нас, очекувам многу борба, тензија и на крај некој ќе плаче. Се надевам Карачиќ. Сум играл против него со репрезентација и на тренинзи, нема да ми биде прв пат. Се надевам дека на крајот тој ќе си оди разочаран“.
 
Тренерот Кокшаров вели дека секоја победа ќе ја подобри ситуацијата во Вардар, а секој пораз може да создаде нови проблеми.
 
„Не очекува тежок натпревар против Кјелце, знаете каква е ситуацијата во клубот и секоја победа ќе не однесе напред, а секој пораз ќе не врати назад. Ние сме подготвени, размислуваме само на победа, а натпреварот ќе покаже како ќе биде“, вели тренерот Кокшаров.
 
Вардар се соочува со проблеми поради повредени ракометари, Кокшаров се уште не знае кој се ќе го има на располагање.
 
„Уште не можеме да кажеме кој ќе игра, а кој не. Секој ден ја гледаме состојбата на играчите и во петок ќе знаеме кој ќе може да настапи“.
 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе