ЕП 2020

Стоилов: Ова е меч на кој ќе видиме кои сме и што сме

Стојанче Стоилов вели дека единствено нешто што го плаши кај Австријците е тоа што се домаќини. 

Македонија денеска со почеток од 18:15 часот игра против Австрија во клучен меч од Европското првенство. Целиме кон победа од два или повеќе разлика која сигурно ќе нè однесе понатаму иако има и други помалку веројатни варијанти кои зависат и од мечот меѓу Чешка и Украина.
 
„Ова е натпревар да се биде или не, сè зависи од нас. Ако победиме со два разлика ќе пренесеме и бодови, што е многу важно за нас. Ова е меч на кој ќе видиме кои сме и што сме. Треба да поправиме некои ситници од мечот со Чешка кој според мене воопшто не беше лош, но тие ситници го решаваат победникот на мечот. Се надевам дека ќе успееме да се корегираме и да ја израдуваме нацијата“, вели Стојанче Стоилов на денешниот брифинг.
 
Нашите ракометари добро го анализирале противникот, Стоилов знае дека најголмиот адут на Австријците се нивните бекови, Билик и Божовиќ.
 
„Освен тоа што се домаќини, друго ништо не ме плаши. Играат шутерски со тие двајца играчи, имаат и добри крила. Може да не им влезат шутевите, па тоа би било добро за нас. Знаеме против кого играме, ги знаеме нивните позитивни и негативни страни“.
 
Стоилов не играше во финишот од мечот против Чешка па се појавија дилеми во јавноста дали се работи за повреда.
 
„Се е во ред со мене. Со Чешка губевме, па момците се вратија кога јас не бев на теренот и Данило ја задржа истата постава, ќе беше неспортски да се враќам кога им одеше добро. Добри сме сите, одморни, расположени. Мотивацијата не ни е проблем, ова е Европско првенство. Имаме и одмор, не е како на Светско кога се игра секој ден“.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе