РК Вардар

Стоилов: Ние сме европски шампиони, а односот кон нас е смешен

Вардар во сабота го продолжува настапот во Лигата на шампионите, ситуацијата во таборот на „црвено-црните“ е лоша, но не е прв пат. 

Во сабота со почеток од 17:30 часот во салата „Јане Сандански“, Вардар има нов предизвик од Лигата на шампионите, дуел против Мотор кој мора да се добие.
 
Во една нормална ситуација Вардар ќе беше голем фаворит во овој меч, но сега состојбата е поинаква, па неизвесно е каков тек ќе има мечот.
 
Капитенот Стојанче Стоилов, вели дека ситуацијата не е нова, но Криштопанс е ракометар кој прави разлика.
 
„Пред нас е тежок натпревар затоа што се наоѓаме во тешка ситуација. Си замина важен играч, знаеме дека Вардар не е иста екипа со и без него. Треба да излеземе на терен и да видиме каква ни е главата. Ова не е нешто ново, веќе долго време се влечат проблемите. Тешко, но се надевам пред полна сала дека ќе одиграме добар меч“, вели Стоилов.
 
„Не знаеме што ќе се случува понатаму, може ова да биде еден од последните натпревари, никој ништо не кажува. Наше е да се помачиме и да го одиграме најдоброто против Мотор. Никој не може да ги обвини играчите што си отидоа. Ние сме Европски шампион, а односот кон нас е смешен“.
 
Што и да се случи со Вардар, Стоилов вели дека тој ќе остане.
 
„Јас останувам сигурно, но има многу работи кои не ги знаеме за иднината на клубот. Треба да седнеме и да разговараме. Да бидеме реални неизвесно е и во македонското првенство, во борбата за титулата“.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе