Францускиот тим беше подобар

Стоилов: Немавме одговор за агресивниот Монпелје

Стојанче Стоилов е разочаран од поразот од Монпелје, но реален е во изјавата, францускиот тим заслужи да победи.

Вардар одигра еден од полошите натпревари оваа сезона во Лигата на шампионите, не најде против игра за Монпелје и доживеа елиминација во полуфиналето.
 
„Не се чувствувавме добро на теренот, немавме одговор на нивната агресивна игра. Имавме ние своја шанса, но тие имаа и среќа. И на крај – ова е спорт. Лани ние вака победивме, сега ни се врати. Како одиграа, Монпеље заслужи да игра финале“, вели капитенот Стоилов.
 
„Сите викаа дека ќе играме финале со ПСЖ, јас велев ова е фајнлфор, нема фаворити и ете двата аутсајдери кои беа посочени ќе играат финале. Кој има поголем мотив, кој има повеќе среќа, кој ќе одигра максимално – оди понатаму“.

Ристе Ѓорѓиевски,
специјално од Келн за МКД

Храбрите лидери можат да успеат со порака за надеж, отвореност и инклузивност и со промовирање на визија за напредок заснована на веродостојни реформи.

повеќе

Кога панаѓурот ќе помине, и кога наредното утро ќе се погледнете во огледало – сите работи што ве прават незадоволни од самите себеси и понатаму ќе бидат видливи: и изгледот, и навиките, и карактерот... Само идентитетот ќе ви го нема.

повеќе

Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, доколку биде ратификуван, ќе влезе во аналите на историјата на дипломатијата.

повеќе