СП 2019

Стоилов: Не беше лесно како што изгледа

Стојанче Стоилов е задоволен од победата над Јапонија, но вели дека треба да се подобри одбраната на нашата репрезентација.

Македонија имаше одличен старт на Светското првенство, во Минхен ја совлада Јапонија со 38:29. Избраниците на Раул Гонзлаез одиграа меч на потребното ниво и можеби полесно од очекувањата дојде до триумф.
 
Еден од најдобрите беше Стојанче Стоилов со шест постигнати голови.
 
„Не се залетуваме, одиме чекор по чекор не брзаме, форматот има многу натпревари. Денеска релативно лесно победивме но не беше така на теренот како што вели резултатот“, изјави Стоилов. 
 
„Задоволен сум што победивме, но во обраната имаме за поправање. Фаворити сме и против Бахреин, но на следните три не сме, на тие мечеви ќе одиме на се или ништо“.
 
„Се надевам дека со Бахреин ќе биде полесно и ќе може шанса да добијат помладите, а ние да одмориме повеќе“.
 

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе