Капитенот нема зборови да ги опише своите соиграчи

Стоилов: Како да ви кажам... овие момци се херои со карактер и победнички менталитет!

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, вели дека нема доволно зборови за да го опише она што го прават тој и неговите соиграчи.

Стоилов само уште еднаш го потенцираше она што го кажал и во минатото по секој успех на Вардар кога бил отпишуван.
 
„Како да ви кажам... овие момци се херои, тим со карактер, со победнички менталитет, не знам што друго да кажам, во нашиот јазик немаме таков вокабулар за да опишам какви се“, вели Стојанче Стоилов по мечот.
 
„Ние навистина верувавме дека можеме да се вратиме од една вака голема негатива. Такви се играчите во оваа екипа, знаат сите да потегнат. Имавме брза игра. Во првото полувреме неправедно губевме со седум разлика, утнавме многу топки од чисти позиции, имавме стативи, пречки, а одбиените топки се враќаа кај нив. Сè беше во нивна полза. Во второто полувреме полека ја топевме нивната предност и на крај победивме“.

Ристе Ѓорѓиевски,
специјално од Келн за МКД

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе