Полека се креира тимот за следната сезона

Стоилов, Дибиров и Дисингер добија нови договори, Горбок му кажа збогум на Вардар

Шампионот на Европа и Македонија, Вардар ја продолжи соработката со Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров и Кристијан Дисингер, во исто време своето заминување од клубот го соопшти Сергеј Горбок.

„Црвено-црните“ во следната сезона ќе имаат нов лик, Сергеј Самсоненко повеќе нема да биде сопственик, а на чело на клубот ќе се врати Михајло Михајловски. Полека почнува да се креира тимот за новите предизвици, минатата недела договорот го продолжи искусниот Иван Чупиќ, а сега верни останаа уште тројца фантастични ракометари.

Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров и Кристијан Дисингер ставиле потпис на нови договори, па станува јасно дека шампионот на Европа и Македонија ќе има големи амбиции и во следната сезона.

Наскоро се очекува да биде решена и иднината на Глеб Калараш, но во новиот Вардар сепак нема да има место за искусниот Сергеј Горбок, кој синоќа соопшти дека заминува и преку социјалните мрежи се прости од фановите.

„Јас сакам да кажам едно големо благодарам за тоа што го имам доживеано во овој клуб. Голема благодарност до сите фанови и градот Скопје. Јас сум многу среќен што успеав да запознаам многу луѓе и тие станаа мојот живот. И големо благодарение до Сергеј Самсоненко за најдобар ракометен клуб во светот. Бев среќен да играм во овој клуб со толку прекрасни луѓе. Ви благодарам на сите!“ - напиша Горбок.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе