Лига на шампиони

Стоилов: Барселона е фаворит, но Вардар никогаш не се предава

На денешната ждрепка Вардар ја доби Барселона, Стојанче Стоилов вели дека противникот е тежок, но македонскиот тим никогаш не се предава.

Исто како и во шампионската година, Вардар ќе игра против Барселона во полуфиналето на завршниот турнир во Келн.
 
„Сеедно ни е. Сите екипи на фајнл-фор турнирот имаат исти шанси да победат и да ја освојат Лигата на шампионите. Можеби Барселона има повеќе предност, тие се фаворити, беа први во нашата група и двапати нѐ победија, но ние никогаш не се предаваме, така ќе биде и сега“, вели капитенот Стојанче Стоилов.
 
На прашањето дали е предност тоа што во групната фаза веќе одигравме два меча, Стоилов изјави: „Сѐ е исто и за нив и за нас. Сите игравме по два пати. Сѐ може да се случи, сега имаме само еден меч“.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе