На последниот ден од 2019 клубот го потврди новиот тренер

Стевче Алушовски е нов тренер на Вардар

На последниот ден од 2019 година Вардар го промовираше новиот тренер, Стевче Алушовски е нов предводник на актуелниот европски шампион. 

Вардар потврди дека поранешниот играч и капитен на црвено-црните, Стевче Алушовски е нов тренер на тимот. Тој доаѓа на местото на Кокшаров кој привремено беше тренер откако Писонеро беше разрешен.
 
Алушовски како играч со Вардар има освоено 11 титули, шест во првенството на Македонија, пет во купот. 
 
Во тренерската кариера ги водеше битолските екипи, Пелистер и Еурофарм Работник.
 
„Голема чест и вистински предизвик е да се биде предводник во клубот што зад себе има две шампионски титули во три години. Клубот во кој играв 10 години, бев капитен и освоив вкупно 11 титули секогаш имал големо место во моето спортско срце. Верувам дека ќе продолжиме на победничкиот пат. Размислуваме како подобро да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната. Се надевам повредите и малерите ќе не одминат и ќе можеме да ја оствариме зацртаната цел. Секогаш е тешко да се одбрани она што е освоено, но имаме позитивна мислам и добра мотивација", изјави Алушовски за официјалниот сајт на Вардар.
 
Директорот на Вардар, Давор Стојаноски вели дека дошло време клубот да назначи македонски тренер.
 
„Вардар сезонава им даде шанса на повеќе млади играчи од нашиот втор тим. Сметаме дека е време и наши домашни тренери да добијат поголема шанса. Алушовски е амбициозен тренер кој меѓу првите доби Мастер коуч диплома на ЕХФ. Алушовски е дел од Вардар со оглед на неговиоте десет години како играч во црвено-црниот дрес. Верувам дека ќе успееме да ги оствариме зацртаните планови за сезонава, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
 
Алушовски со работа ќе почне по новогодишните празници. Тогаш ќе работи само со оние ракометари кои нема да настапат на Европското првенство, другите ќе се приклучуваат како што ќе им завршуваат репрезентативните обврски.

Македонија спаѓа во групата држави во кои се преземени ригорозни ограничувања на човековите права заради справување со коронавирусот. 

повеќе

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе