ЕП 2020

Степанчиќ со звукот на сирената донесе победа за Хрватска против Чешка

Во меч со возбудлив финиш, Хрватска ја победи Чешка со 22:21 со гол на Лука Степанчиќ пред самиот крај на мечот. 

Лино Червар настапи без дел од своите најдобри ракометари, но и без нив успеа да дојде до триумф.
 
Натпреварот беше неизвесен во целиот тек, само еднаш Хрватите имаа предност од четири голови разлика, но Чешка се врати.
 
Беше 21:21 кога Лука Степанчиќ во последните секунди постигна гол за нова победа на Хрватска.
 
Мамиќ беше најефикасен со пет голови, по три реализираа Мандиќ, Мариќ и Степанчиќ. Кај Чесите, Здрахала постигна седум погодоци.
 
Хрватска е веќе во полуфиналето, во последното коло против Шпанија ќе се бори само за освојување на првото место во групата.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе