Натпреварот во Словенија заврши со победа на Србија од 34-31, Словенците се надеваа дека ќе можат да ја анулираат негативата на гостински терен и беа блиску до тоа.
Во финишот од средбата Словенија имаше предност од два гола разлика, 20-18, но тука застанаа, до крајот Србија постигна пет гола, а тие ниту еден и дојдоа до победа од 23-20 која ги однесе на Светското првенство.
Хрватска уште еднаш ја прегази Финска, победи со 36-22 и избори место на Мундијалот.
Лесен триумф славеше и Исланд над Австрија од 34-26, па и тие ќе играат на Светското првенство.
Унгарија исто така беше убедлива, со 31-22 го победи Израел, а и Германија немаше проблем со Фарските Острови, славеше гостинска победа од 33-27.
Македонија утре од 19 часот ја пречекува Чешка, првиот натпревар заврши нерешено 24:24.
Легенда под Главна слика
Фото: РСС