ЕП Хрватска 2018

Србија го победи Исланд, сега навива за Шведска

Србија со 29-26 ја победи репрезентацијата на Исланд, сега очите им се вперени кон дуелот помеѓу Хрватска и Шведска.

Србија ја оствари првата победа на Европското првенство откако со 29:26 ја совлада селекцијата на Исланд, но триумфот може да биде пиров.
 
За Србија да оди понатаму, Хрватска вечерва не треба да ја победи Шведска.
 
Доколку Хрватска победи, Шведска, Исланд и Србија ќе имаат по два бода, а во една мини табела помеѓу трите селекции Србите имаат најслаба гол разлика и ќе испаднат и покрај денешниот триумф.
 
Во натпреварот од Б групата Франција со 32:25 ја совлада Белорусија и првата фаза ја заврши со три победи од три меча.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе