РК Вардар

Сонародникот на Криштопанс, Кугис Артурс е новиот голман на Вардар!

Вардар го најде наследникот на Милосављев, Кугис Артурс од Летонија е новиот голман на европскиот шампион. 

26-годишниот летонски голман потпиша двегодишен договор со Вардар, тој доаѓа од бундеслигашот Гросвалштат.
 
Кугис Артурс заедно со Даинис Криштопанс беа клучните алки на Летонија за нивниот прв, историски пласман на Европско првенство. Неговите одбрани од натпреварот со Словенија беа одбележани и од ЕХФ ТВ.
 
„Навистина сум среќен што потпишав договор со Вардар, и ќе бидам дел од еден од најдобрите спортски тимови во ракометот. Се разбира со потпишувањето на овој договор си поставив и цел да бидам најдобар што можам. Скопје за мене е центарот на ракометот. Се надевам заедно можеме многу да постигнеме. Сакам да се заблагодарам на клубот што ќе можам да играм за Вардар. Едвај чекам да играм во „Јане Сандански", изјави Кугис Артурс, за официјалниот сајт на Вардар.
 
Директорот на Вардар, Давор Стојаноски се надева дека Артурс ќе биде уште еден од ракометарите кои преку македонскиот тим ќе добијат меѓународна промоција.
 
„Вардар секогаш знаел да препознае квалитет во некој играч кој набрзо по доаѓањето во нашиот клуб веднаш станувал препознатлив на меѓународна сцена. Веруваме дека и со Артурс ќе биде исто, и ќе продолжи исто како и неговите претходници меѓу стативите на „црвено-црните", изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе