СП 2019

Со фуриозен финиш Хрватска го победи Исланд

Со одлична игра во последните 10 минути Хрватска го победи Исланд со 31:27, иако на крајот и изгледа и убедливо, селекцијата на Лино Червар имаше тежок натпревар. 

Хрватска имаше фантастичен финиш и на првото и на второто полувреме кои се покажаа како пресудни за победа над Исланд.
 
Натпреварот почна изедначено, Исланѓаните водеа во најголемиот дел од првиот дел, но во последните шест минути Хрватите направија серија од 5-0 и на полувремето се замина со водство за нив од 16:14.
 
Во второто полувреме Исланд повторно успеа да го сврти мечот, дојдоа до предност од 26:25, а во последните десетина минута Хрватска повторно запна и направи 6-0, поведе со 31:25, Исланѓаните пред звукот на сирената само го поставија конечниот резултат.
 
Најефикасен во составот на Хрватска беше Степанчиќ со осум голови, Циндриќ постигна шест, Карачиќ реализираше два пати. За Исланд, Палмарсон даде седум голови.
 

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе