Словенецот соопшти разделба со Вардар

Скубе заминува: Горд сум што го носев дресот на Вардар, освојувањето на ЛШ ми беше еден од најубавите моменти во животот

Сташ Скубе си заминува од Вардар по крајот на сезоната, Словенецот преку социјалните мрежи ја потврди разделбата. 

Сташ Скубе е уште еден од ракометарите на Вардар кои нема да бидат во Скопје следната сезона. Словенецот преку својот инстаграм профил го најави заминувањето, но не соопшти која ќе биде неговата следна дестинација.
 
„Има само неколку добри спомени, но ова беше повеќе од тоа. Горд сум што го носев дресот на Вардар две години и горд сум на сето она што го постигнавме во последниов период! Секако, освојувањето на Лигата на шампионите минатата година беше еден од најдобрите денови во мојот живот! Би сакал да им се заблагодарам на соиграчите, на навивачите и на луѓето кои не поддржуваа и во добро и во лошо. Му посакувам на Вардар се најдобро и се надевам дека во иднина клубот ќе биде на нивото на кое заслужува. Ќе го напуштам Скопје ова лето, но сугирен сум дека нашите патишта повторно ќе се вкрстат. Вистинската љубов има навика да се враќа! Еден живот, една љубов!“, напиша Скубе.
 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе