РК Вардар

Скубе: Вардар е квалитетен и силен, само да бидеме здрави

Сташ Скубе е оптимист, верува дека Вардар се уште има квалитет за највисоки дострели, но проблемот со повредите е причината поради која беше лоша првата полусезона. 

Вардарци денеска под водство на новиот тренер Стевче Алушовски ги почнаа подготовките за вториот дел од сезоната.
 
Ракометарите кои не се на Европско првенство се појавија на првата прозивка, останатите ќе дојдат по завршувањето на обврските кон репрезентациите за кои настапуваат.
 
Еден од оние кои беа во „Јане Сандански“ е Сташ Скубе.
 
„Би рекол дека навистина имавме проблеми во ноември и декември, затоа и имавме малку полоши резултати. Се надевам дека сите од ЕП ќе се вратат здрави и конечно да одиграме некои натпревари комплетни. Јас и натаму тврдам дека Вардар е квалитетен и јак, и може да има добри резултати. Можеби немаме многу играчи за ротација и толку квалитеtни, но и лани беше слично па стигнавме до финалето. Секогаш сум оптимист и само да бидеме здрави“, вели Сташ Скубе за официјалниот сајт на Вардар.
 
Алушовски кој долги години беше играч на Вардар, сега ќе ја има честа да го води Европскиот шампион.
 
„Среќен сум што сум дел од Вардар, како европски шампион. Спомените се тука. Малку е изменет амбиентот кога јас играв и сега со овој спортски објект, и со она што го има освоено клубот. Среќен сум што ќе работам со оваа група на луѓе што се победници. Треба да се запознаеме, едно е гледање на натпревари, друго е на тренинг. Секој што ќе заслужи и ќе покаже на тренинг ќе добие шанса. Имаме 30 натпревари и ќе треба доста да ротираме и да се чуваме за најважните натпревари“, вели Алушовски.
 

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе