Повеќе нема темни облаци над Вардар

Скубе: Самсоненко останува во Вардар, ни ги исплати долговите пред Ф4 во Келн, а ни вети и убави премии

Репрезентативецот на Словенија Сташ Скубе откри дека во Келн имале дополнителна мотивација откако на ракометарите им бил исплатен најголем дел од долговите, а добиле ветување и за убави премии.

Изминативе месеци често се пишуваше за распад на Вардар откако сопственикот Сергеј Самсоненко соопшти дека повеќе нема да го финансира клубот. Ситуацијата беше прилично лоша, играчите со месеци немаа добиено плата.

Но и со вакви проблеми, и со статус на аутсајдер во Келн, црвено-црните направија чудо и триумфираа во Лигата на шампионите, по втор пат во три години.

Сташ Скубе сега откри дека тие имале дополнителна мотивација на фајнл-фор турнирот, откако на ракометарите им бил исплатен најголем дел од долговите непосредно пред завршницата на сезоната. Исто така им биле ветени и убави премии.

„Самсоненко ни испрати најголем дел од долговите пред фајнл-фор турнирот во Келн, а ни вети и убави премии. Колку што јас знам, Сергеј останува во клубот, а ќе останат и многу играчи. Црното сценарио што сите го очекувавме нема да се случи. Има пресврт, нема веќе темни облаци над Вардар. Секако нема да биде истиот тим, но ова не е крај на Вардаровата бајка. Јас останувам во Вардар и следната сезона, а ако дојде Урош Зорман за тренер, тоа ќе биде уште подобро“, вели Сташ Скубе.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе