Словенецот го продолжи договорот

Скубе останува во Вардар до 2022!

Сташ Скубе го продолжи договорот со Вардар, и во наредните три години ќе го носи црвено-црниот дрес на европскиот шампион.

Иднината на Скубе е во Вардар, македонскиот клуб одлучи да му понуди договор до 2022 година, а Словенецот со задоволство го прифати.
 
„Задоволни сме што Сташ останува со нас и во следните сезони. Со продолжувањето на соработката сигурни сме дека ќе бидеме уште подобри, а тој ќе продолжи да биде еден од лидерите во тимот. Вардар го задржува костурот на тимот и сериозно се подготвува за предизвиците во сезоната 2019/2020, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
 
Скубе е среќен што уште долго време ќе биде дел од Вардар.
 
„Навистина сум среќен дека ќе го носам овој дрес уште три години! Ќе се борам за нашите цели до крај!“, изјави Скубе.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе