РК Вардар

Скубе не оди во ПСЖ, сака уште долго да го носи Вардаровиот дрес

Сташ Скубе откри дека бил пред трансфер во ПСЖ, но ситуацијата се искомплицирала и се надева дека уште долго ќе игра за Вардар.

Сташ Скубе во својата прва сезона како играч на Вардар стана европски првак, тој беше еден од најкорисните ракометари на македонскиот тим во изминатата сезона.
 
ПСЖ бил заинтересиран за Скубе и трансферот бил пред реализација, но поради непознати причини тој не се случил.
 
„Се беше договорено со ПСЖ, требаше да заминам таму, но во последен момент се случи компликација која не сакам да ја коментирам. Ситуацијата во Вардар сега е добра и се гледам уште долго во дресот на Вардар. По освоената титула во ЛШ клубот е стабилен и се чини дека најмалку уште неколку години ќе биде на највисоко ниво“, изјави Скубе за словенечките медиуми.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе