Лига на шампиони

Скубе е дел од тимот на колото во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Сташ Скубе имаше одлична партија во Монпелје и беше еден од најзаслужните за победата на Вардар, тоа не остана незабележано од медиа тимот на ЕХФ. 

Вардар победнички тргна во новата сезона од Лигата на шампионите, а Сташ Скубе беше моторот во победата.
 
Скубе постигна седум гола, но и ги разигруваше другите ракометари на Вардар, имаше одлична партија и заслужено се најде во тимот на колото.
 
Таму има место и за Валентин Јоанеа од Спортинг Лисабон кој му даде дури десет голови на Еурофарм Работник и беше најзаслужен што Битола не се израдува на првата победа во Лигата на шампионите.
 
Тимот на колото:
 
Голман: Андреас Волф (Кјелце)
Лево крило: Диего Бранкињо (Порто)
Лев бек: Никола Билик (Кил)
Среден бек: Старш Скубе (Вардар)
Десен бек: Мадс Кристијансен (Алборг)
Десно крило: Валентин Јоанеа (Спортинг Лисабон)
Пикер: Лудовик Фабрегас (Барселона)
 
Видеото од најдобриот тим можете да го видите на овој ЛИНК.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе