Против Исланд

Скандал на ЕП: Карабатиќ играл позитивен

Иако на Европското првенство во Унгарија од ден на ден расте бројот на играчите позитивни на коронавирусот, поради што многу репрезентации се ослабени од почетокот на турнирот, правилата не се исти за сите.

По правило играчот што ќе добие позитивен тест не може да игра на наредниот натпревар, но тоа не важи за олимпискиот шампион.

Ѕвездата на Франција Никола Карабатиќ добил позитивен наод по мечот против Холандија во првото коло на втората рунда.

Меѓутоа, не само што Карабатиќ не се изолирал, како што е правилото на ЕП, туку играл на дуелот против Исланд, кој се одигра во саботата и заврши со изненадувачки пораз на Французите.

Во секој случај, правилата биле прекршени, а уште полошо е што и другите ракометари биле доведени во опасност, но Европската ракометна федерација (ЕХФ) го оправда овој скандалозен потег.

Карабатиќ во декември беше заразен со коронавирусот, па затоа тој и понатаму може да биде позитивен на тестирањето, но да не претставува ризик за зараза на својата околина, гласи објаснувањето за неговата ситуација.

„Точно е дека Никола Карабатиќ имаше позитивен тест по натпреварот со Холандија. Нашите медицински експерти ја прегледаа неговата медицинска историја бидејќи претходно беше заразен со ковид. Врз основа на антителата, проценивме дека му е дозволено да игра“, соопшти ЕХФ.

Франција в понеделник ќе одигра еден од клучните натпревари за пласман во полуфиналето на Европското првенство со Црна Гора од 20.30 часот.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе