Македонија утре со почеток од 20 часот ја пречекува Финска во квалификациски меч за ЕП 2022. Поради коронавирус Брестовац нема да смета на тројца ракометари и тројца членови на стручниот штаб, но освен тие другите се негативни.
РФМ соопшти дека на последното, финално тестирано пред мечот со Финска немало позитивни ракометари на ковид-19.
„Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на ЕХФ ЕУРО 2022, со репрезентациите на Финска и Швајцарија, согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна Федерација на Македонија ги спроведе последните тестирања за детекција на вирусот COVID – 19.
Ве информираме дека сите резултати на спроведените тестови на ракометарите и стручниот штаб се НЕГАТИВНИ, воедно селекцијата на Финска го потврди списокот на делегацијата која пристигнува и се со НЕГАТИВНИ тестови“, стои во соопштението на РФМ.