РФМ се одлучи за селекторска смена

Симовски веќе не е селектор на Македонија

Женската ракометна репрезентација ќе добие нов предводник откако РФМ го раскина договорот со селекторот Симе Симовски. 

Фото: РФМ
По неуспехот против Романија во баражот за пласман на СП, РФМ реши да проба со нов селектор да ги подобри резултатите на женската ракометна репрезентација.
 
„Ракометната Федерација на Македонија ја информира јавноста дека Македонската куќа на ракометот и г. Симе Симовски, на 22 април 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката за ангажманот на женските национални селекции.
 
Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г. Симе Симовски кој ја извршуваше оваа функција непречено во периодот септември 2015 – април 2021 година.
 
Управниот Одбор на РФМ во периодот кој следи ќе назначи нов вршител на функцијата Селектор на женските национални селекции.
 
Со почит,
 
Ракометна Федерација на Македонија“, пишува во соопштението.

Легенда под Главна слика

Фото: РФМ

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе