РК Металург

Штрајк во Металург, ракометарите нема да играат додека не си ги добијат платите

Заврши трпението на ракометарите на Металург, тие денеска ја известиле управата на клубот дека нема ниту да тренираат, ниту да играат сѐ додека не им се исплатат заостанатите плати. 

Атмосферата во Металург е на многу лошо ниво, клубот на почетокот на сезоната ветуваше дека ќе создаде тим за враќање на стариот сјај, но во моментов се на осмата позиција со наталожени долгови кон играчите.
 
Ракометарите од денеска престанаа со работа, не сакаат ниту да тренираат, ниту да играат додека не им бидат исплатени платите.
 
Претседателката на РК Металург, Зорица Блажевска вели дека ги разбираат ракометарите, но не ги поддржуваат во начинот на кој си ги бараат парите.
 
„Како управа не ги поддржуваме овие мерки, сметаме дека ваквиот начин нема да смени ништо. Напротив, ќе донесе нови проблеми и уназадување на работата на индивидуален план кај играчите, кај клубот како тим и колектив, а и на поширок план во Суперлигата. Како управа апсолутно ќе ги почитуваме нивните одлуки и ќе ставиме мораториум на сите дисциплински мерки, додека не се реализираат договорите за исплата на средствата кои ги очекува клубот. Воедно ќе ја известиме РФМ и останатите засегнати страни (комисии) за новонастанатата состојба и ќе побараме мислење и реакција. Ќе продолжиме да се бориме во овие тешки услови и ќе ги издржиме проблемите, но и казните што произлегуваат од оваа ситуација“, вели Зорица Блажевска, првиот човек на Металург.
 

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе