Легендарниот голман Арпад Штербик кој има посебно место кај навивачите на Вардар, планираше кариерата да ја заврши по завршувањето на оваа сезона, но коронавирусот му го промени планот.
Тој вели дека става крај на кариерата сега, бидејќи не верува дека ќе може да се активира по долгата пауза без разлика дали сезоната ќе продолжи.
„Ова е исклучително тешка одлука за мене. Искрено би ми било многу тешко да се активирам по една долга пауза. Мислам дека мечот со Татабања и официјално е мојот последен натпревар во кариерата. Жал ми е што нема да можам да одиграм уште еден фајнл-фор во Лигата на шампионите. Сакав уште еднаш да пробам да ја освојам Лигата на шампионите, но по ова тоа е невозможна мисија за мене“, изјави Штербик.
Штербик кариерата ја почна во Југовиќ, потоа замина за Веспрем од каде по тригодишен престој се пресели во Шпанија каде го носеше дресот на Суидад Реал, Атлетико Мадрид и Барселона. Вардар го купи од шпанскиот гигант и го задржа во Скопје четири години. Легендарниот голман се пензионира во дресот на Веспрем.