Вардар ќе има големи амбиции во следната сезона

Шпанскиот репрезентативец Гурбиндо потпишува за Вардар!

Ракометниот репрезентативец на Шпанија, Едуардо Гурбиндо од следната сезоона ќе игра во црвено-црниот дрес на Вардар, тврди „Спорт1“. 

Вардар носи големо засилува и покажува дека ќе има високи амбиции во следната сезона. Според извори на „Спорт1“, Едуардо Гурбндо ќе биде нов ракометар на македонскиот шампион, трансферот е договорен, тој во наредниот период ќе пристигне во Скопје на медицински тестови и официјална промоција.
 
33-годишниот Гурбиндо во моментов настапува за Нант каде ја дели минутажата со Кире Лазаров на десната бекоквска позиција.
 
Тој треба да биде и наговестување за уште неколку големи засилувања со кои Вардар треба да се врати меѓу најдобрите ракометни тимови во Европа.
 
Гурбиндо од 2016 година е член на Нант, а четири години претходно настапуваше за Барселона. Тој за шпанската репрезентација има одиграно 121 натпревар и постигнато 167 голови. Во 2018 година со селекцијата на Шпанија го освои златниот медал на Европското првенство во Хрватска, има и сребро и бронза од континенталните собири, а има и бронзен медал од СП 2011.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе