Комплетирани се четвртфинлните двојки на Светското првенство, познати се четирите селекции кои останаа да се борат за светската круна.
Мечот кој се очекуваше да биде понеизвесен, лесно им припадна на Шпанците кои уште во првото полувреме создадоа висока предност која ја одржуваа за конечнии 31:26.
Малку фалеше Франција од готово да направи вересија иако на стартот од мечот имаа негатива и од шест гола разлика. Во финишот водеа со три предност, но дозволија Унгарија да направи серија од 3-0, да израмни на 30-30 и да се избори за продолженија. Но во дополнителниот период Французите покажаа дека се поквалитетни и лесно победија со 35:32.
Најубедлива во четвртфиналнте дуели беше Шведска која го совлада Катар со 35:23.
Полуфинални двојки СП:
Данска - Шпанија
Шведска - Франција