СП 2019

Шпанија тргна со убедлива победа над Бахреин

Селекцијата на Шпанија го победи Бахреин со убедливи 33:23 со што се комплетира првото коло од Групата Б во која е и нашата репрезентација. 

Како што и се очекуваше, Шпанците немаа никакви проблеми на денешниот дуел. И во двете полувремиња направија по идентични пет голови разлика, првото го добија со 16:11, на крајот триумфираа со 33:23.
 
Соле со седум голови беше најефикасен во составот на Шпанија, Алекс Душебаев постигна пет колку што даде и Гвардиола. Хабиб и Алсајад дадоа по седум голови за Бахреин.
 
Со овој натпревар е комплетирано првото коло во групата Б. Претходно ние ја совладавме Јапонија со 38:29, а Хрватска го победи Исланд со 31:27.
 
Во второто коло кое се игра во недела ние играме со Бахреин, Хрватска се среќава со Јапонија, а дербито е меѓу Шпанија и Исланд.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе