ЕП 2020

Шпанија продолжува перфектно, овој пат ја победи Австрија

Шпанија извојуваше лесна победа над домашната селекција на Австрија и ја забележа петтата победа по ред на Европското првенство. 

Шпанија одигра лесен меч против Австрија иако резултатот од првото полувреме беше неизвесен. Домаќините се држеа во мечот само затоа што Шпанците играа релаксирано со сите ракометари со кои располагаа.
 
Првиот дел го добија Шпанците со 17:16, вториот беше значително понеефикасен, конечниот резултат беше 30:26.
 
Поранешниот Вардарец, Македа беше најефикасен со шест погодоци, во составот на Австрија Божовиќ и Фримел постигнаа по четири.
 
Претходно Белорусија со 28:25 ја совлада Чешка.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе