ЕП 2022

Шпанија ќе го брани трофејот, Данска немоќна во полуфиналето (ВИДЕО)

Шпанија со 29-25 ја победи Данска и четвртипат едноподруго се пласира во финалето на Европското првенство. 

Тоа беше меѓу актуелниот европски шампион Шпанија и актуелниот светски шампион Данска. Данците беа фаворит, но Шпанците се тие кои се радуваа на крајот.
 
Данска подобро го почна натпреварот, Ландин беше брилијантен, неколкупати имаа водство и од четири голови разлика, но Шпанија во финишот од првиот дел успеа да дојде до -1, на одморот се замина со 14-13 за скандинавската селекција.
 
Брзо во второто полувреме Шпанија го сврте мечот, дојде до првото водство и не го пушти до крајот. Каљељас беше брилијантен, а на голот фантастичен беше Перез де Варгас кој заврши со 13 интервенции. Конечниот резултат гласеше 29:25.
 
Најдобар стрелец кај Шпанија беше Алеиш Гомез со 11 голови, Кањељас даде седум. Во составот на Данска, Хансен постигна осум голови.
 
Шпанија во финалето во недела од 18 часот ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Франција и Шведска.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе